Кралското семејство на Шведска учествуваше во воена вежба првпат од 1990-те

Владата соопшти дека „одредени фази од вежбата беа спроведени заедно со Неговото Височество Кралот, Нејзиното Кралско Височество Престолонаследничката, членовите на Риксдагот (Парламентот), Шведските вооружени сили, Шведската агенција за цивилни непредвидени ситуации и други релевантни државни служби

Владата на Шведска денеска соопшти дека оваа недела, на нејзина иницијатива, била изведена воена вежба во која учествувало и кралското семејство, а вежбата била заснована на сценарио што вклучува војна и ризик од војна.

Соопштението за ова било објавено и на руски јазик.

Според разузнавачките и одбранбените служби на Шведска, Русија е главната опасност.

Шведска ги зголеми воените трошоци од инвазијата на Русија врз Украина во 2022 година и своето пристапување кон НАТО во 2024 година и планира во наредните десет години за одбрана да издвои 300 милијарди круни (27 милијарди евра).

Владата соопшти дека „одредени фази од вежбата беа спроведени заедно со Неговото Височество Кралот, Нејзиното Кралско Височество Престолонаследничката, членовите на Риксдагот (Парламентот), Шведските вооружени сили, Шведската агенција за цивилни непредвидени ситуации и други релевантни државни служби“.

Вежба од овие размери е организирана првпат од 1990-те години.

Објавени се фотографии од 14 функционери, меѓу кои кралот и кралицата, во штабот на вежбата за време на состанокот на Советодавното тело за надворешни работи.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека е „важно да се спроведуваат заеднички вежби, не само во услови на моменталната безбедносна ситуација, туку и за да се зајакне одбраната и отпорноста на Шведска“. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни