Кралот Чарлс воопшто не бил воодушевен од танцот на Дијана на „Uptown Girl“

Принцезата Дијана имала изненадувачки одговор на громогласниот аплауз по нејзината неочекувана изведба на „Uptown Girl“ за идниот крал Чарлс пред речиси 40 години.
Фото: National Portrait Gallery/© Mario Testino

Во новата книга Dancing With Diana: A Memoir, која ќе излезе на 10 септември, танчерката и балетанка Ен Алан открива како било да ѝ дава на покојната принцеза од Велс стотици тајни едночасовни часови по балет од 1981 до 1989 година. Алан зборува за тоа како нивните дискретни сесии поттикнале блиска врска и ѝ дале на принцезата можност да зборува за нејзините најинтимни борби – вклучително и нејзината битка со булимија и зголемената несреќа во бракот со Чарлс.

Еден пасус од откривачките нови мемоари се навраќа на тоа како Дијана решила да го изненади својот сопруг танцувајќи на сцената на „Uptown Girl“ на Били Џоел на хуманитарен настан во Кралската опера во Лондон во декември 1985 година. Принцезата Дијана ја извела кореографијата со нејзиниот пријател Вејн Слип, познатиот британски танчер, како посебно изненадување за принцот Чарлс – кој наводно не бил импресиониран од триминутната рутина.

Изненадувањето кое резултираше со контраефект подоцна беше овековечено во четвртата сезона на  серијата „Круната“ на Нетфликс, а Алан од прва рака била сведок на ладната реакција на идниот крал.

@proncessdianaur

My arrangement of the dance sequence based off the existing photos from this event, I wished there was footage😭 Both Diana and Wayne Sleep were wearing full white outfits, the Ai colour generated images showed extra palettes. #princessdiana #princessdianaedit #uptowngirl #dance #duo #ai #palettefm #fypシ

♬ original sound – Princess Dianaur Stan😍 – Princess Dianaur Stan😍

„Таа само сакаше тој да биде воодушевен“, вели Алан за PEOPLE, верувајќи дека Дијана сакала да го импресионира Чарлс. „Кога ќе почувствуваш дека некој не те сака, тоа има влијание врз тебе. Таа постојано мислеше дека таму има љубов и дека таму ќе има љубов. И сигурна сум дека имало“.

Кога Дијана излегла на подиумот ги изненадила сите во публиката, по што таа брзо и самоуверено ги направила своите први чекори на низ сцената што било поздравено со громогласен аплауз. Публиката не можела да верува во тоа што го гледа.

Нејзиниот танц со Вејн Слип добил аплаус, а публиката сакала уште, но танчерот рекол дека е доволно и да остават нешто за друг пат, а Дијана искоментирала дека овој танц ѝ бил подобар од тој на свадбата, открива Алан.

Сепак, иако публиката со го наградила настапот со аплауз и многу честитки потоа, Чарлс не бил толку воодушевен. Кога Дијана отишла кон Чарлс тој само ѝ рекол „Браво, мила“ и продолжил да разговара со останатите присутни.

Извор: People

Најново

Последни колумни