Британскиот крал Чарлс наскоро ќе оди на патување во Америка за да ги посети своите внуци, пишуваат западните медиуми. Познато е дека Чарлс е добар дедо и има одличен однос со принцовите Џорџ и Луис, како и со принцезата Шарлот, децата на принцот Вилијам и војвотката Кејт, но со децата на принцот Хари сепак ситуацијата е поинаква. Контакт со Арчи и Лилибет одржува само преку видео повици.
Кралот е загрижен што нема добри односи со внуците и му е жал што не е доволно близок со нив, а според медиумите тој сака неговите внуци сакаат да чувствуваат дека може во секое време да се потпрат на него и да го побараат.
„Чарлс разговарал за официјална посета на САД. Нема сомнеж дека доколку дојде до тоа, тој ќе најде време за да ги посети синот и внуците. Но пред тоа треба многу да се планира посетата“ открил извор кој додал дека кралот е тажен што неговите внуци Арчи и Лили нема да го паметат како топол и пријателски расположен дедо.
Извор: Index.hr