Британскиот крал Чарлс III се огласи по апсењето на неговиот брат Ендру Маунтбатен-Виндзор, изразувајќи „длабока загриженост“ и ветувајќи целосна соработка на кралското семејство со надлежните органи додека истрагата продолжува.
Апсењето на Ендрју, кое се случи на неговиот 66-ти роденден, претставува еден од најсериозните правни предизвици за член на британското кралско семејство во модерната историја. Полицијата го сомничи за злоупотреба на јавна функција, во контекст на поширока истрага поврзана со таканаречените документи на Епштајн.
Во официјална изјава, кралот Чарлс ја нагласи важноста од почитување на законскиот процес.
Со најдлабока загриженост ја примив веста за Ендру Маунтбатен-Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавната служба “, рече кралот.
Тој додаде дека сега се следат формалните законски постапки.
„ Она што сега следи е целосен, фер и соодветен процес со кој ова прашање ќе биде истражено на соодветен начин и од страна на надлежните институции .“
Кралот нагласи дека кралското семејство ќе обезбеди целосна поддршка на истрагата.
„ Во ова, како што реков претходно, тие ја имаат нашата целосна и безрезервна поддршка и соработка. Сакам јасно да кажам: законот мора да си го направи своето .“
Тој исто така нагласи дека нема да коментира понатаму за случајот додека трае истрагата.