Кралот Чарлс нападнат од австралиска домородна сенаторка: Ова не е твоја земја, ти не си мој крал

Австралиска сенаторка која доаѓа од домородна заедница го нападнала Кралот Чарлс, кој е во посета на Австралија велејќи му дека тоа не е негова земја.
Фото: X

Сенаторката Лидија Торп била отстранета од парламентарниот прием за кралската двојка откако извикуваше дека британските колонизатори зазеле земја и коски на домородните луѓе.

„Вие извршивте геноцид врз нашиот народ“, извика таа. „Дајте ни го она што ни го украдовте – нашите коски, нашите черепи, нашите бебиња, нашите луѓе. Ја уништивте нашата земја. Дајте ни договор. Ние сакаме договор“.

Никогаш не бил склучен договор помеѓу британските колонизатори и домородните народи на Австралија.

„Ова не е твоја земја. Ти не си мој крал“, викна Торп додека ја изнесуваа од салата.

Торп е позната по протестните акции од висок профил. Кога беше афирмирана за сенаторка во 2022 година, не ѝ беше дозволено да го опише тогашниот монарх како „Нејзиното височество колонизаторка кралицата Елизабета Втора“. Минатата година, таа исто така доби доживотна забрана за влез во стриптиз-клуб во Мелбурн, откако се појави видео на кое таа ги злоставува машките танчери.

Премиерот на Австралија, Ентони Албанезе, кој сака земјата да стане република со австралиски шеф на држава, кратко го спомна ова прашање во својот говор поздравувајќи го монархот.

„Покажавте голема почит кон Австралијците, дури и во време кога дебатиравме за иднината на нашите сопствени уставни аранжмани и природата на нашиот однос со круната“, рече Албанезе.

Опозицискиот лидер Питер Датон, кој сака да го задржи британскиот крал како австралиски монарх, рече дека многу поддржувачи на една република биле почестени да присуствуваат на приемот на Чарлс и кралицата Камила во Парламентот во главниот град Канбера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни