Овој драстичен потег на Бакингемската палата беше објавен во четврток, откако принцот не успеа да го замолчи скандалот поврзан со неговата врска со осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн, објави „Си-Ен-Ен“.
Скандалот повторно ја возбуди британската јавност по објавувањето на постхумните мемоари на тужителката Вирџинија Џуфри, под наслов „Nobody’s Girl“. Во книгата таа тврди дека принцот Ендру ја злоставувал сексуално додека била тинејџерка. Принцот постојано ги негира сите обвинувања.
Бакингемската палата во официјалното соопштение наведе: „Неговото Височество денес ја започна формалната постапка за одземање на стилот, титулите и почестите на принцот Ендру.“
„Принцот Андру отсега ќе биде познат како Ендру Маунтбатен Виндзор. Неговиот закуп на ‘Ројал лодж’, кој му овозможуваше законска заштита за престој, е поништен, а му е доставено официјално известување за напуштање на имотот. Тој ќе се пресели во алтернативен приватен сместувачки објект“, се додава во соопштението.
Во него се нагласува дека иако принцот продолжува да ги негира обвинувањата, „овие мерки се неопходни“. Неговите ќерки, принцезите Евгенија и Беатрис, ќе ги задржат своите титули.
„Нивните Величества сакаат јасно да дадат до знаење дека нивните мисли и најдлабоко сочувство се и ќе останат со жртвите и преживеаните од сите облици на злоупотреба,“ стои во заклучокот на соопштението.
Принцот Ендру, кој уште во 2019 година престана да биде активен член на кралското семејство, неодамна се обиде да ја смири ситуацијата со тоа што се откажа од користење на титулите, но јавниот гнев не стивна. Скандалот дополнително се разгори по откритието дека во 2003 година за резиденцијата „Ројал лодж“, сместена во срцето на Виндзор, платил само еден милион долари, а потоа со години плаќал симболична наемнина.
Извор: Index.hr
 
				 
				 
								 
								 
								 
								