Британските медиуми пренесуваат дека кралот Чарлс е воодушевен од своето ново милениче, кученце од престижната раса Лагото Ромањоло, кое е познато по доброто сетило за мирис и способноста да бара тартуфи.
Веројатно затоа го добил името Snuff, што би можеле да го преведеме како Мириско.
Ова е раса која потекнува од италијанскиот регион Емилија Ромања. Кучињата се со средна големина и имаат карактеристично кадраво крзно, поради што секогаш изгледаат неуредно разбушавено.
Кралот сè уште не го покажал своето ново домашно милениче во јавноста, кое наводно го добил како подарок, но судејќи по фотографиите од оваа раса кои можат да се најдат на социјалните мрежи и на интернет, кученцата изгледаат апсолутно неодоливо.

Медиумите пишуваат дека новиот член на семејството ќе му биде верен придружник на кралот, кој е љубител на долги прошетки во природа, берење печурки и други активности на отворено.
Ова е прво куче на кралот Чарлс по повеќе од дваесет години, откако во 2002 година му умре кученцето Џек Расел Териер, по име Тига, кој го доби кога основаше семејство со принцезата Дијана.
Неодамна и неговата сопруга, кралицата Камила, откри дека посвоила ново куче од мешана раса, кое го нарекла Мули.