Кралот Чарлс ја изненади јавноста со давањето прегратки

Британското кралско семејство се воздржува од јавно прикажување емоции и гушкање, особено за време на јавни настапи, но сепак Кралот Чарлс го прекрши ова правило на изненадување на многумина.

Додека кралот го пречекуваше женскиот рагби тим од Нов Зеланд во Бакингемската палата, спортистките го прашаа дали може да го гушнат.

Кралот со насмевка одгооври дека може, по што следуваше групна прегратка полна со насмевки и позитивни емоции.

Оваа сцена брзо се рашири на социјалните мрежи, но и на светските медиуми бидејќи тоа не е нешто вообичаено за еден монарх, особено за британски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни