Крајна левичарка убедливо води на претседателските избори во Ирска

Лидерката на Лабуристичката партија, изјави дека е „скоро сигурно“ дека Коноли ќе стане 10-ти претседател на Ирска

Катерин Коноли, долгогодишна пратеничка од крајната левица на ирскиот политички спектар, денес, според досега преброените гласови, ќе биде избрана за следен претседател на земјата.

Броењето на гласовите, кое започна наутро, покажа силно водство за Коноли, 68-годишна независна кандидатка. Долгогодишниот критичар на Европската Унија првично не беше познато име во претежно проевропската Ирска. „Се чини веројатно дека Кетрин Коноли ќе биде избрана и сега ние преминуваме на соработка со неа како влада“, изјави за националниот радиодифузер РТЕ министерот за високо образование Џејмс Лолес, член на партијата Фијана Фејл.

Ирскиот претседател има претежно церемонијална улога, со ретко користени овластувања за преиспитување на уставноста на законите. Министерката за образование Хелен Мекенти, исто така, рече дека Коноли веројатно ќе победи.

Хедер Хамфрис, кандидатката на централно-десничарската партија Фајн Гел, беше единствениот друг кандидат што остана во кампањата. Кандидатката Фијана Фејл се повлече од трката само неколку дена по почетокот на кампањата.

Лидерката на Лабуристичката партија, Ивана Бачик, која е дел од левичарскиот опозициски блок што ја поддржа Коноли, изјави дека е „скоро сигурно“ дека Коноли ќе стане 10-ти претседател на Ирска. 68-годишната жена од Голвеј е поранешна психологка и адвокатка. Таа првпат беше избрана во парламентот во 2016 година и беше заменик-претседателка на Долниот дом.

Зборувајќи кратко за RTE во нејзиниот локален центар за пребројување во округот Голвеј, Коноли им се заблагодари на оние што гласаа за неа и рече дека ќе направи сè што може за да ги претставува оние што не гласаа. Повеќе од 3,6 милиони луѓе имаат право на глас, а резултатите треба да бидат објавени вечерва.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни