Крај на продажбата на цигари на фри-шопот на Евзони

На овој фри-шоп едни од најчестите муштерии беа македонските и српските туристи кои купуваа цигари по промотивни цени

Фришопот што се наоѓа помеѓу граничните премини Евзони и Богородица од 31 декември веќе не им нуди евтини цигари на своите клиенти.

На овој фри-шоп едни од најчестите муштерии беа македонските и српските туристи кои купуваа цигари „Оме“, „Паркер и Симпсон“ и „Гламур“, а кои се продаваа по цена од околу 13,5 евра по штека или две пакувања по промотивна цена од 24 до 26 евра што беше речиси двојно поевтино отколку во нивните матични држави.

Надлежните институции во Грција појаснуваат дека цигарите и тутунските производи се повлечени од понудата затоа што нивните цени речиси целосно се израмниле со оние во Грција. Со тоа, фри-шопот ја изгубил клучната предност што со години го правеше атрактивен за патниците.

Дополнително, укинувањето на цигарите на фри-шоповите е дел и од пошироките регионални напори за усогласување на цените на акцизните производи и зајакнување на борбата против шверцот и нелегалната трговија со тутун.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни