Онлајн купувањето во Европа наскоро ќе стане поскапо. Европска унија најави дека од 1 јули 2026 година ќе воведе фиксна давачка од 3 евра за сите пратки под 150 евра, мерка што директно ќе ги погоди корисниците на платформи како Temu, Shein и AliExpress.
Ова не е единствената промена. Според новиот договор постигнат во март, се планира и дополнителна такса за обработка, која треба да стапи во сила најдоцна до ноември, а нејзиниот износ допрва ќе се утврдува.
Мерките доаѓаат како одговор на експлозијата на евтини пратки – само во 2024 година во ЕУ пристигнале 4,6 милијарди мали пакети, од кои над 90% од Кина. Брисел смета дека ваквиот прилив создава нелојална конкуренција за европските трговци и ризици за потрошувачите.
Со новите правила се предвидуваат и построги казни за платформите што пласираат небезбедни или нелегални производи, со цел да се засили контролата и да се воспостават пофер пазарни услови.
За купувачите, ова значи едноставн , крај на „претерано евтините“ пратки и почеток на нова ера на поскапо, но порегулирано онлајн шопинг искуство.