Крај на ерата на левицата во Боливија: Родриго Пас избран за претседател

Родриго Пас победи на претседателските избори во Боливија со 54,5% од гласовите. По две децении владеење на левицата, земјата добива лидер од центар-десно. Новиот претседател стапува на функција на 8 ноември

Сенаторот од централната деница, Родриго Пас, победи во вториот круг од претседателските избори во Боливија со 54,5% од гласовите, откако беа преброени повеќе од 97% од гласачките ливчиња, соопшти изборната комисија.

Неговиот противкандидат, поранешниот претседател Хорхе Кирога, освои 45,4% од гласовите.

Иако Пас победи, неговата Христијанско-демократска партија не освои мнозинство, поради што ќе биде принуден да склучува сојузи за да може да владее.

Политичка стратегија

Умерените ставови на Пас и неговите ветувања дека ќе ги задржи социјалните програми, додека ја поттикнува економијата предводена од приватниот сектор, очигледно допреле до гласачите наклонети кон левицата, разочарани од владеењето на Движењето за социјализам (MAS), основано од поранешниот претседател Ево Моралес.

Новиот претседател ќе ја преземе функцијата на 8 ноември.

Право на глас имаа околу осум милиони граѓани на Боливија — земја погодена од тешка економска криза по две децении владеење на левицата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни