KRAFTWERK првпат со голем open air концерт во Скопје – електронските визионери доаѓаат на 25 јули

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 28 јануари, од 10 часот, онлајн на avalonbooking.mk и преку продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.

Легендарниот германски електронски состав Kraftwerk ќе настапи за првпат во Скопје со голем open air концерт на 25 јули (сабота), на Стадионот на АРМ, со почеток во 21 часот. Концертот е дел од нивната нова светска турнеја „Multimedia Tour 2026“, со која бендот повторно ги спојува музиката, технологијата и визуелната уметност во единствено сценско искуство.

Kraftwerk, добитници на Grammy Lifetime Achievement Award и членови на Rock & Roll Hall of Fame, се сметаат за еден од највлијателните бендови во историјата на модерната музика. Нивното влијание се чувствува далеку надвор од рамките на електронската сцена – од техно и синт-поп, до хип-хоп, рок и поп музиката.

Бендот кој засекогаш го промени начинот на кој ја разбираме електронската музика и live-перформансот, го вклучи Скопје на мапата на својата нова турнеја, а како локација е избран Стадионот на АРМ – еден од најпрепознатливите летни концертни простори во градот.

Во време кога вештачката интелигенција и дигиталната технологија стануваат секојдневие, Kraftwerk повторно доаѓаат како бенд кој уште пред децении ги отвори прашањата за односот меѓу човекот и машината. Нивниот уметнички пристап одамна ги надминува границите на класичен бенд – Kraftwerk функционираат како целосен концепт, каде звукот, визуелниот идентитет, технологијата и идеологијата се дел од едно кохерентно дело.

Меѓу бројните уметници кои јавно го имаат истакнато влијанието на Kraftwerk се Daft Punk, Kanye West, Depeche Mode и David Bowie, а музичките критичари често истакнуваат дека по Битлси, токму Kraftwerk се меѓу највлијателните имиња во историјата на популарната музика.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 28 јануари, од 10 часот, онлајн на avalonbooking.mk и преку продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни