Крадци се обиделе да влезат во домот на Камала Харис

Полицијата уапси 2 осомничени лица кои среде пожарите се обиделе да влезат во нејзиниот дом во Брентвуд

Додека шумските пожари продолжуваат да ја пустошат Јужна Калифорнија, локалната полиција уапси многу луѓе кои се обидуваат да ја искористат ситуацијата.

Полициската управа во Лос Анџелес потврди дека две лица биле уапсени во домот на потпретседателката на САД, Камала Харис во Брентвуд. На крајот, тие не можеле да докажат дека лицата се вмешани во кражба, но сепак биле приведени поради „прекршување на полицискиот час“. Од крајот на минатата недела, во зоните за евакуација е воведен полициски час од 18:00 часот до 6:00 часот наутро за да се спречат грабежите и немирите.

Откако започнаа пожарите, во погодените области полицајците уапсија 29 лица, вклучително и за кражби, кршење на полицискиот час и други прекршувања.

Пожарите речиси цела седмица беснеат во Лос Анџелес. Претседателот Џо Бајден за пожарите рече дека се голема катастрофа и на федералната влада и наложи да покрие 100% од трошоците за помош при катастрофи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни