Крај на една славна кариера: Надал го одигра последниот меч

Рафаел Надал официјално ја завршува својата професионална тениска кариера со последниот настап за Шпанија на финалето на Дејвис купот. Но, и покрај неговиот легендарен борбен дух, Надал не успеа да ги надмине физичките ограничувања, губејќи со 6-4, од Ботик ван де Зандшулп во четвртфиналето на Дејвис купот помеѓу Шпанија и Холандија.

Овој пораз го означи крајот на епската 30-годишна кариера на Надал. Шпанија на крајот загуби со 2-1, иако Карлос Алкараз се истакна, израмнувајќи го резултатот со победа од 7-6 (0), 6-3 над Талон Грикспор. „Ова го направив за Рафа,“ изјави Алкараз.
Надал истакна дека последните две години биле особено тешки поради серија повреди и операции, кои го ограничувале во играта и довеле до оваа одлука.

Надал, кој немаше одиграно официјален меч четири месеци, првично се соочи со сомнежи дали ќе игра во сингл или само во дубл. По интензивни тренинзи, доби зелено светло за настап. „Работите можат да одат добро или лошо,“ рече Надал. „Но, капитенот мора да носи одлуки за тимот, а не за мене.“

Мечот беше значаен момент. Водителот ги истакна неприкосновените достигнувања на Надал, меѓу кои 22 Грен слем титули, две олимписки злата и пет победи во Дејвис купот.

Надал размислуваше за својата улога, велејќи дека бил тука да помогне на тимот, а не само да ја заврши кариерата. Иако можеби најдобрата стратегија за Шпанија беше да игра само во дубл, неговиот сингл-меч им овозможи на навивачите значајно збогување со еден од најголемите легенди на тенисот.

Извор: ТheGuardian

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни