Kоја земја произведува најмногу накит во ЕУ?

Лидер беше Италија, чие производство изнесуваше 1,559 милијарди евра или 36 проценти од вкупната производствена вредност, но тоа беше осум проценти помалку во однос на 2022 година. Франција оствари вредност од 1,444 милијарди евра


Во 2023 година, вкупното производството на накит во Европската унија (ЕУ) достигна 4,363 милијарди евра, што претставува раст од еден процент во однос на 2022 година, соопшти Евростат.
Само две земји, Италија и Франција, сочинуваат дури 69 проценти од вкупната вредност на производството на накит во ЕУ.

Лидер беше Италија, чие производство изнесуваше 1,559 милијарди евра или 36 проценти од вкупната производствена вредност, но тоа беше осум проценти помалку во однос на 2022 година. Франција оствари вредност од 1,444 милијарди евра.


Трета беше Германија со 507 милиони евра или 12 проценти од вкупната вредност на произведениот накит, по што следува Шпанија со 444 милиони евра или 10 проценти удел, а потоа Грција со 51 милион евра или малку повеќе од еден процент удел.

Во Чешка растот изнесуваше 25 проценти на 31,9 милиони евра, а во Ирска 20 проценти на 13 милиони евра.

Најголем пад имаше Литванија, за 36 проценти, и Латвија за 16 проценти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни