Која храна може да предизвика мигрена? Нутриционист ги открива клучните навики за превенција 

Нападите на мигрена се генетски детерминирани и често се резултат на повеќе фактори на животната средина. Мигрените се влошуваат со стрес, замор, намалена активност и одредени видови храна. Комбинацијата на сите овие различни фактори придонесува за појава на мигрена. Д-р Олга Личина, клинички нутриционист, зборува за тоа како одредена храна влијае на мигрената. 

„Не сите намирници кои предизвикуваат мигрена ќе предизвикаат напад на мигрена кај секое лице со мигрена. Важно е да водите дневник за храна заедно со дневникот за главоболка, за да ви помогне да идентификувате што сте јаделе пред нападот на мигрена“, вели Личина. 

Некои намирници можат веднаш да предизвикаат главоболка, додека со друга храна главоболката може да се одложи до 24 часа. 

„Ако мислите дека одредена храна предизвикува напади на мигрена, можете да се обидете да ја избегнувате таа храна еден месец. Следете ги вашите симптоми за да видите дали се подобруваат. Избегнувајте рестриктивни диети за да не останете гладни и намалете го внесот на основните хранливи материи. Еден од најчестите предизвикувачи на мигрена е кофеинот. За епизодни мигрени треба да го намалите внесот на кофеин на 200 мг (1,5 шолја), а за дневните главоболки се препорачува целосно да го избегнувате“, објаснува  Личина. 

Симптоми на мигрена 

– промена на апетитот 

– замор и анксиозност 

– вртоглавица, зашеметеност

– чувствителност на звук и светлина 

– слабост и нестабилност 

– гадење, повраќање 

– изменета слика на околината, заматен вид 

– напнатост во вратот 

– болка и притисок во синусите 

– болки во грлото, течење на носот, кашлица 

– провокација со движење 

– дијареа или запек 

– вртоглавица 

– забавен мисловен процес (мозочна магла) 

– визуелно индуцирана вртоглавица 

Таа наведува што друго може да предизвика мигрена: алкохол, особено црвено вино и пиво чоколадо старо сирење сушено и чадено месо конзерванси шеќер и засладувачи Гладувањето и дехидрацијата се исто така веројатни фактори. 

Долгите временски периоди помеѓу оброците може да предизвикаат напади на мигрена или да ја влошат главоболката.Недоволното внесување вода ја зголемува главоболката. Исто така, премногу сол доведува до дехидрација, затоа намалете го внесот на 2 грама дневно. 

„Јадете храна богата со хранливи материи. Направете половина од вашата чинија овошје и зеленчук. Користете различни житарки и вклучете риба како извор на протеини најмалку два пати неделно. Некои суплементи, кога се користат континуирано, можат да ја намалат главоболката, како што се витаминот Б2, коензимот Q10, магнезиумот и екстрактите од билки“, забележува Личина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни