Иако сите земји членки на ЕУ нудат некакви даночни олеснувања за поттикнување на продажбата на електрични возила (EV), директните парични субвенции значително се разликуваат од земја до земја — при што најдарежливи шеми доаѓаат од неколку јужноевропски земји.
Според истражувањето на Euronews Business, трите земји кои во 2025 година нудат највисоки државни субвенции за поединци што купуваат електрични возила се:
Италија – до 11.000 €, во зависност од приходот на купувачот. Субвенцијата покрива до 30% од вкупната цена, но важи само за возила под 42.700 € со вклучен ДДВ.
Грција – околу 9.000 € основна субвенција, плус: 2.000 € ако се отстрани старо возило од сообраќај, 1.000 € дополнително ако купувачот е под 29 години, ослободување од регистрациски и циркулациски даноци.
Полска – исто така околу 9.000 €, плус ослободување од регистрациски данок.
Дополнително, Словенија нуди до 7.200 € за возила до 35.000 €, со минимален регистрациски данок. BEV пазарот таму е 9,2%.
Шпанија нуди меѓу 4.500 € и 7.000 €, плус даночни олеснувања до 3.000 €, како и намален данок на патишта во големите градови.
Франција нуди пакет со субвенции, и наскоро ќе додаде уште 1.000 € за возила произведени во Европа (до 47.500 €).
Интересен факт
Норвешка и Данска имаат највисок удел на BEV возила (94,1% и 64,3% соодветно), иако не нудат директни субвенции. Наместо тоа, тие овозможуваат oслободување од ДДВ, увозни и регистрациски такси (Норвешка), nамалени патни такси и трошоци за траекти и намалени даноци за ниско-емисиони возила (Данска).
Некои земји (како Австрија) веќе ги укинаа субвенциите, додека други (како Шведска) најавуваат нови – Шведска ќе понуди 4.938 € за ниско-приходни семејства во рурални средини, почнувајќи од јануари 2026.
До 2030 година, новите патнички возила мора да ја намалат својата CO₂ емисија за 55%, што ја прави оваа политика од клучно значење.