Кој во Европа има најмногу, а кој најмалку површини со органско земјоделство?

Органското земјоделство е се повеќе застапено во Европската Унија, а е регулирано со нови прописи кои важат од 1 јануари 2022 година.

Вкупната површина на располагање за овој вид на култури во Европа во 2020 година се проценува на 14,7 милиони хектари, вклучувајќи ги и сертифицираните области и областите за пренамена.

Тие сочинуваат 9,1 отсто од вкупното земјоделско земјиште, покажуваат податоците на Евростат.

Најновите расположливи податоци од 2019 година покажуваат дека Австрија имала најголем удел во такви области и тој изнесувал до 25,3 отсто. По неа следуваат Естонија со 22,4 и Шведска со 20,3 отсто. Последното место го зазеде Малта со 0,6 отсто од површината, а мали површини имаат и Бугарија и Ирска, три отсто.

Што се однесува до земјите од поранешна Југославија, податоците на Меѓународната федерација на движењето за органско земјоделство IFOAM за 2020 година покажуваат дека Босна и Херцеговина имала 86 органски земјоделци и 51 преработувач, а 2.000 ха биле опфатени со површина од овој тип. Хрватска имала нешто повеќе од 5.150 такви земјоделци и околу 390 преработувачи на 109.000 ха.
Србија евидентирала 439 земјоделци и 101 преработувач, на 19.000 хa, додека Црна Гора имала 423 органски производители и 19 преработувачи, на 5.000 ха од таквите површини.

Што се однесува до Македонија, податоците на IFOAM за 2020 година покажуваат дека во нашата земја имало 863 органски земјоделци и 24 преработувачи, а 4.000 ха биле опфатени со површина од овој тип.

извор: agrotim.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни