Големиот пад на акциите на Тесла во февруари го намали богатството на Илон Маск за десетици милијарди долари. Марк Зукерберг стана втор најбогат човек на светот. И додека администрацијата на Доналд Трамп работеше на намалување на бројот на вработени во државниот сектор во февруари, берзата ослабна. Најбогатите 10 луѓе на светот заедно изгубиле 140 милијарди долари.
Илон Маск е најголемиот губитник. Иако и понатаму е најбогат човек на светот, наглиот пад на вредноста на акциите на Тесла го намалил неговото богатство за 62 милијарди долари. Производителот на електрични возила во февруари изгубил дури една четвртина од својата пазарна вредност.
Во декември, Маск станал првиот милијардер чијашто богатство преминало 400 милијарди долари. Тоа беше благодарение на растот на акциите на Тесла и зголемената вредност на неговата приватна компанија за вештачка интелигенција, xAI, која доби поддршка од нови инвеститори. Сепак, неговиот престој на врвот беше краток. Веќе на 10 февруари, кога започна падот на акциите на Тесла, богатството на Маск падна под 400 милијарди долари. Падот продолжил, па на 1 март неговото богатство било проценето на нешто помалку од 360 милијарди долари, според процените на Forbes.
Падот на вредноста на акциите на Тесла се должи на извештаите дека продажбата значително опаднала во Европа и во американските сојузни држави како Калифорнија. Во САД, некои незадоволни граѓани, револтирани од наглите одлуки на Маск да отпушти државни службеници во неговата улога на лидер на DOGE (Одделение за ефикасност на владата), го вандализирале салонот на Тесла или организирале протести пред нив.
За разлика од Маск, Марк Зукенберг имал подобар месец, барем кога станува збор за нето богатството. По прв пат, тој станал втор најбогат човек на светот. Неговиот напредок на второто место е порадиа падот на вредноста на акциите на Амазон. Во февруари, акциите на Амазон паднале за скоро 11%, што значело дека се избришани повеќе од 23 милијарди долари богатство на Џеф Безос.
Тоа го симнало на трето место, отворајќи пат Зукенберг да го престигне. Иако и богатството на сопственикот на компанијата Мета опаднало минатиот месец, падот не бил толку драматичен како кај Безос. Тој на 1 март започнал со проценети 231 милијарда долари, додека Безос бил веднаш зад него со скоро 227 милијарди долари.
Бафет единствен во плус
Ворен Бафет бил единствениот меѓу 10-те најбогати чијашто богатство се зголемило минатиот месец. Акциите на неговата инвестициона компанија Berkshire Hathaway пораснале за околу 10%. Тоа додало 15 милијарди долари на неговото богатство, па сега тоа изнесува 161 милијарда долари.
Вкупно, најбогатите 10 луѓе на светот, имаат заедничко богатство од 1,89 билиони долари. Тоа е пад во однос на 2,03 билиони долари на почетокот на февруари.
Forbes го следи богатството на милијардерите низ светот од 1987 година. Во април 2024, магазинот ќе изброи вкупно 2.781 милијардер за својата годишна листа.
Најбогатата жена на светот
Најбогатата жена на светот е Алиса Волтон, ќерка на основачот на Волмарт, Сем Волтон. Нејзиното богатство е проценето на 107,5 милијарди долари, што ја поставува на 15 место на листата на најбогатите луѓе на светот. Нејзиниот имот потекнува од сопствениот удел во трговскиот ланец Волмарт, кој го наследила од својот татко. Нејзините браќа Роб, Џим и Џон (почина 2005) исто така ги наследиле уделите во компанијата. Вдовицата на Џон Волтон, Кристи Волтон, и нивниот син Лукас Волтон ги наследиле акциите на Џон и двајцата се на листата на Forbes.
Најбогатите на светот:
Стив Балмер – 118,9 милијарди долари – Microsoft, LA Clippers
Илон Маск – 359,5 милијарди долари – Тесла, SpaceX, xAI, X
Марк Зукерберг – 230,7 милијарди долари – Мета (Facebook)
Џеф Безос – 226,7 милијарди долари – Амазон
Лери Елисон – 204,6 милијарди долари – Oracle
Бернар Арно – 186,4 милијарди долари – LVMH
Ворен Бафт – 161,1 милијарди долари – Berkshire Hathaway
Лери Пејџ – 141,5 милијарди долари – Google
Сергеј Брин – 135,4 милијарди долари – Google
Амансио Ортега – 121,9 милијарди долари – Индитекс (Zara)