Кој е Фридрих Мерц, човекот кој ќе ја води Германија?

Мерц е оженет со Шарлот Мерц, судија, со која имаат тројца деца. Семјството живее во Арнсберг, во регијата Саурланд. Покрај политиката и бизнис интересите, Мерц е страстен пилот со лиценца и поседува два приватни авиона.

Вчерашните парламентарни избори во Германија донесоа значајни промени на политичката сцена. Според првичните излезни анкети, Унијата CDU/CSU освои 29% од гласовите, додека екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) постигнала историски успех со 19,9% од гласовите. Социјалдемократската партија (SPD) бележи пад на 16%, а Зелените освоија 13,5% од гласовите. Овие резултати укажуваат на веројатна промена на властите, со Фридрих Мерц, лидерот на CDU, како главен кандидат за нов канцелар.

Биографија
Фридрих Мерц е роден на 11 ноември 1955 година во Брилон, во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија. Потекнува од католичка семејство. Неговиот татко, Јоахим Мерц, бил судија и член на CDU, додека неговата мајка, Паола Мерц (родена Совињи), потекнувала од угледно локално семејство со француско хугенотско потекло.

По завршувањето на средното училиште во 1975 година, Мерц служел во германската војска. Студирал право на Универзитетот во Бон и Универзитетот во Марбург, дипломирајќи во 1982 година. По положениот правосуден испит, работел како судија во Сарбрекен, а потоа како правен советник во Сојузот на хемиска индустрија од 1986 до 1989 година.

Политичка кариера
Политичката кариера на Мерц започнала во 1989 година кога бил избран за пратеник во Европскиот парламент, каде служел до 1994 година. Таа година станал член на Бундестагот, германскиот сојузен парламент. Неговото напредување во рамките на CDU било брзо. Во 2000 та година ја презел лидерската позиција на парламентарната група CDU/CSU. Меѓутоа, со доаѓањето на Ангела Меркел на чело на партијата, Мерц се повлекол од таа позиција во 2002 година и постепено се повлекол од активната политика, целосно напуштајќи го Бундестагот во 2009 година.

По повлекувањето од политиката, Мерц се посветил на бизнис секторот. Работел како адвокат во меѓународна правна фирма и обавувал водечки позиции во надзорните одбори на неколку компании. Од 2016 до 2020 година бил претседател на Надзорниот одбор на германскиот огранок на компанијата BlackRock, најголемиот светски управител на имот.

Со најавата за повлекување на Ангела Меркел од политиката во 2021 година, Мерц се вратил на политичката сцена. По два неуспешни обиди, во декември 2021 година бил избран за претседател на CDU, преземајќи ја функцијата во јануари 2022.

Неговото враќање означило поместување на партијата кон позначајни и економски либерални ставови. Како кандидат за канцелар на изборите во 2025 година, Мерц ја истакнал потребата за ревитализација на германската економија и зазел цврст став кон миграциската политика, со цел да привлече гласачи кои се свртеле кон екстремно десничарската AfD.

Личен живот
Мерц е оженет со Шарлот Мерц, судија, со која имаат тројца деца. Семјството живее во Арнсберг, во регијата Саурланд. Покрај политиката и бизнис интересите, Мерц е страстен пилот со лиценца и поседува два приватни авиона.

Согласно денешните изборни резултати, Фридрих Мерц е на пат да стане нов канцелар на Германија, што претставува значајна промена на политичкиот пејзаж на земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни