Настанот го организираат здружението „ВИ Сега“ и Македонската асоцијација за интелигенција (МАИ), а има за цел да ја отвори јавната дебата за улогата на авторот и авторските права во време кога вештачката интелигенција активно учествува во создавање на содржини – од книги и статии, до музика, илустрации и преводи.
На панелот ќе учествуваат:
- Сашка Цветковска – истражувачка новинарка и уредничка во ИРЛ
- Марина Тунева – експертка за медиумска етика
- Бојан Саздов – претседател на МАИ
- Сеад Џигал – комуниколог и автор
- Суад Сефери – основач на „ВИ Сега“ и автор на првата книга за ВИ на Балканот
Модератор: Александра Тодоровиќ (ВИ Сега)
Панелистите ќе дискутираат за правните и етичките димензии на генеративната ВИ, за можноста за ко-авторство помеѓу човек и алгоритам, одговорноста за содржина создадена од ВИ, и предизвиците пред кои се наоѓаат авторите во ова ново дигитално доба.
Влезот е слободен за сите посетители на саемот.