Тим од истражувачи при Универзитетот „Kvin Meri“ во Лондон работеа неуморно неколку години за да го докажат она што речиси сите го знаевме, а тоа е дека козите се исклучително паметни животни.
Овој тим објави студија која објаснува дека козите не само што можат да решат доста комплицирани сложувалки дизајнирани за примати, туку тие можат да ги запомнат и решенија дури и една година подоцна.
Во новото истражување, кутија за храна беше ставена пред козата, додека истражувачот стоеше покрај неа. Откако ја научил козата да ја отвори кутијата и да ја земе храната, козата успешно го сторила тоа неколку пати. Потоа истражувачот ја заклучил кутијата, така што козата не можела да ја отвори.
Козата, сфаќајќи дека е невозможно да се отвори кутијата, се свртила и го погледнала истражувачот, а кога тој бил свртен кон неа, го задржала погледот подолго. Вакво однесување е забележано кај домашните животни како што се на пример кучињата и мачките.
Ова укажува на поврзаност помеѓу животното и човекот, но исто така покажува дека животното знае дека човекот може да му помогне. Сепак, ова не е карактеристично за другите животни, како што се волците.
Истражувачите се надеваат дека студијата ќе доведе до поголема емпатија кон животните и можеби поголема корист за нив.
А за нас? Среќни сме што истражувачите покажаа дека можеме да бидеме пријатели со кози.
Извор: agromedia.rs