Ковчегот со папата Франциск пристигна во црквата каде ќе му биде последното почивалиште

Ковчегот го дочекаа околу 40 мигранти, затвореници, бездомници и трансродови лица – што ја одразува грижата на папата за маргинализираните.
epa12055426 A handout photo made available by the Vatican Media Press Office shows the Rite of Sealing before sealing the coffin of Pope Francis on the eve of his funeral at the St. Peter's Basilica in Vatican City, on 25 April 2025. The funeral of Pope Francis, who died on 21 April 2025, aged 88, is scheduled to take place in the plaza in front of the St. Peter's Basilica in Vatican City on 26 April. EPA-EFE/VATICAN MEDIA PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Ковчегот со телото на папата денеска пристигна во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, каде што ќе биде погребан на приватна церемонија, по свечениот погреб и миса на Плоштадот Свети Петар.

Илјадници верници го дочекаа ковчегот со телото на папата пред оваа базилика, импозантна градба од петтиот век, каде што веќе почиваат седум папи. Претходно беше одржана свечена погребна церемонија со миса на Плоштадот Свети Петар, во присуство на десетици шефови на држави, монарси и илјадници верници.

Потоа, папамобилот со ковчегот на папата Франциско и придружната поворка поминаа низ историскиот центар на Рим по пат од повеќе од четири километри до базиликата каде што ќе биде погребан.

Ковчегот беше видлив на врвот на модифицираниот папамобил, придружен од полиција и мотоцикли.

Граѓаните се собраа покрај улиците низ кои поминуваше поворката, покрај римскиот Колосеум, а по патот кон последното почивалиште на папата се слушаа аплаузи и извици „папа Франческо“.

Ковчегот го дочекаа околу 40 мигранти, затвореници, бездомници и трансродови лица – што ја одразува грижата на папата за маргинализираните.

Кардинал Џовани Батиста Ре ја одржа погребната миса на Плоштадот Свети Петар.

Папата Франциско беше „папа близок до народот, со срце отворено за сите“, особено за оние кои немаа ништо и беа исклучени, рече кардиналот во својата проповед. Го нарекуваа „народен папа“, кој знаеше да комуницира со „најмалите меѓу нас“ на неформален и спонтан начин.

Се потсети и на последната слика која многу луѓе ја имаат од папата – кога го даваше својот благослов на Велигден во недела, што се покажа како негов последен благослов, бидејќи почина следниот ден – на Велигденски понеделник. Исто така, ќе биде запаметен како во својот папамобил ги поздравуваше верниците на овој ист плоштад, каде што денес беше одржана неговата погребна церемонија.

Десетици светски лидери, монарси и високи претставници, илјадници верници и повеќе од 2.000 новинари од целиот свет се собраа на Плоштадот Свети Петар за да присуствуваат на погребот. На плоштадот имаше и голем број свештеници, монахињи, млади католици, како и ходочасници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни