Костадиновска Стојчевска: Младите имаат храброст и страст да зборуваат гласно

Се обврзувам пред младите дека Министерството за култура ќе продолжи да ослободува и оспособува јавни простори за нивните „субверзивни“ креативи како најдобар начин да го слушнеме, разбереме и уважиме младинскиот глас за подобра иднина“, порача министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на Меѓународниот ден на младите.

Истакна дека еден од хоризонтите на таа иднина е Европската Унија.

„Ние со ништо не смееме да им ја попречиме оваа јасна цел на младите. Секој политичар, сите на кои им важи зборот во општеството, сите имаме обврска да им ги отвориме перспективите на младите и да ја внесеме #МКвоЕУ затоа што тоа е нивното природно место, меѓу своите европски врсници“, пишува Костадиновска Стојчевска во објавата на Фејсбук.

Меѓу другото во објавата по повод Меѓународниот ден на младите стои дека токму младите се двигатели на движењето напред, идните лидери и предводници на успесите на нашата држава. Младите ја имаат страста и храброста да зборуваат гласно и одлучно за промените кои оваа генерација политичари мора да ги заокружи со единствена цел – подобар, поквалитетен и европски живот, тука во нашиот македонски дом.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни