Костадиновска-Стојчевска: Македонската музика е значаен дел од светската музичка ризница

„Светот денеска е една, голема музичка сцена на која го славиме Светскиот ден на музиката. Како универзален јазик на цивилизацијата, музиката ја имаа таа моќ да ги поврзува народите зашто заеднички и единствени се емоциите кои произлегуваат од нотите“, напиша на Фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод Светскиот ден на музиката, 21 јуни. Потсети дека музиката е таа која ги обединува и зближува луѓето од сите континенти.

„Со богатата музичка традиција и со разноличноста на музичките форми, и македонската музика е значаен дел од светската музичка ризница и затоа Министерството за култура ја дава целата поддршка за негување на музичките традиции, за поддршка на сите вредни, традиционални и нови музички форми. Со посебно внимание сме посветени на афирмација и развојот на новата генерација музичари за да продолжат да ја следат својата страст за музиката и кои го збогатуваат нашиот живот со своите музички креации“, пишува Костадиновска-Стојчевска.

На Светскиот ден на музиката министерката укажа дека е важно да ја прифатиме моќта на музиката во целата, бидејќи со нејзина разновидност ги претставува богатствата на културите. Исто така, само музиката ја има таа моќ да ги собира луѓето заедно при создавањето нови звучни светови какво што е секое музичко дело.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни