Косово ја забрани продажбата на енергетски пијалаци за малолетници

За законот гласаа 62 од вкушно 120 пратеници во косовоското собрание и со него се предвидуваат казни до 2000 евра за тие кои ќе продадат, понудат или рекламираат енергетски пијалак на малолетно лице

Во Косово ќе биде забранета продажбата на енергетски пијалаци за деца помали од 18 години.

Законот предвидува строги контроли за спречување на консумација на енергетски пијалаци од малолетници и е дизајниран да го заштити нивното здравје.

За законот гласаа 62 од вкушно 120 пратеници во косовоското собрание и со него се предвидуваат казни до 2000 евра за тие кои ќе продадат, понудат или рекламираат енергетски пијалак на малолетно лице.

За да стапи на сила, законот треба да помине уште едно гласање во Парламентот, по што ќе се чека одобрување од претседателката Вјоса Османи за негова имплементација.

Неконтролираната продажба и консумација на енергетски пијалаци, особено во училиштата, неодамна предизвика контроверзи во Косово.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни