Вјоса Османи ја предаде функцијата на в.д. претседателката Албулена Хаџиу

Претседателката во заминување денеска изврши примопредавање на должноста, додека Косово останува во институционален ќор-сокак и со рок од 34 дена за избор на нов шеф на државата.

Претседателката на Косово во заминување, Вјоса Османи, денеска ѝ ги предаде претседателските овластувања на претседателката на парламентот, Албулена Хаџиу, која во наредниот период ќе ја извршува функцијата вршител на должност претседател. Церемонијата се одржала во кабинетот на претседателката.

На примопредавањето, Османи изјавила дека зад себе остава, како што рече, „извонредни дела“ и посочила дека ѝ е особено важно што функцијата привремено ја презема жена. Таа изразила надеж дека парламентот што е можно поскоро ќе избере нов претседател.

Хаџиу, пак, изјавила дека должноста ќе ја извршува во согласност со Уставот и законите на Косово, нагласувајќи дека е свесна за одговорноста што ја презема. Таа ѝ се заблагодарила на Османи за нејзината посветеност во служењето на државата.

Овој чекор доаѓа во време на институционална неизвесност во Косово. Уставниот суд претходно утврди дека Собранието има уште 34 дена да ја заврши постапката за избор на нов претседател, а ако тоа не се случи во предвидениот рок, парламентот ќе биде распуштен и ќе треба да се организираат предвремени избори во рок од 45 дена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни