Со оваа одлука, судот ја одби тужбата на Мрежата за професионален развој на жените „Арита“, која тврдеше дека забраната претставува дискриминација и нарушување на верските и уставните права на ученичките што носат шамија.
Одлуката повторно ја разгоре долгогодишната дебата во Косово, каде што повеќе од 90 отсто од населението се муслимани. Според инструкциите на Министерството издадени уште во 2010 година, во училиштата се забранети „религиозни униформи“, меѓу кои е вклучено и носењето шамија.
Исламската заедница на Косово уште тогаш остро реагираше, нагласувајќи дека хиџабот не е униформа, туку дел од верската обврска на муслиманките.
Врховниот суд, сепак, оцени дека Министерството има јасни законски овластувања да го регулира кодексот на облекување и однесување во училиштата, согласно Законот за предуниверзитетско образование и Законот за стручно образование и обука.
Извор: Index.hr