Кошта за дефектот на електромрежата во Шпанија и Португалија: Нема индиции за кибер напад

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска изјави дека нема индиции дека прекинот на снабдувањето со електрична енергија на Иберискиот Полуостров е предизвикан од кибер напад.

„Ги контактирав премиерите на Шпанија, Педро Санчез, и на Португалија, Луис Монтенегро, и се распрашав за прекинот на снабдувањето со електрична енергија на Иберискиот Полуостров. Операторите на електроенергетските мрежи во двете земји работат на пронаоѓање на причината и на повторно воспоставување на снабдувањето со електрична енергија. Во моментов нема индиции за каков било кибер напад“, се наведува во објавата на Кошта на социјалната мрежа Икс.

Прекините на електричната енергија во Шпанија и Португалија доведоа до прекин на железничкиот сообраќај, отежнат авиосообраќај, хаос во сообраќајот и отежната работа на продавниците, аптеките, болниците, а имаше и отежнато производство во многу индустриски погони.

Во Шпанија, нуклеарните централи престанаа да работат, а беа откажани и денешните натпревари на тенискиот турнир во Мадрид.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни