Кошта и Лајен: Безбедноста на Арктикот останува еден од клучните приоритети на Европската Унија

Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник на Гренланд, големата полуавтономна данска територија за која претходно рече дека САД треба да ја преземат.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оценија дека безбедноста на Арктикот останува еден од клучните приоритети на Европската Унија и област во која тие се стремат да соработуваат со сојузниците и партнерите.

„Територијалниот интегритет и суверенитет претставуваат основни принципи на меѓународното право. Овие принципи се од суштинско значење не само за Европската Унија, туку и за државите ширум светот. Ние сме целосно солидарни со Данска и народот на Гренланд“, изјавија Кошта и фон дер Лајен на X.

Денеска и данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, изјави дека неговата земја инсистира дека сите, вклучително и САД, мора да го почитуваат територијалниот интегритет на Кралството Данска.

Тој го изјави ова откако американскиот претседател Доналд Трамп го објави назначувањето на гувернерот на американската држава Луизијана за специјален пратеник за Гренланд.

Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник на Гренланд, големата полуавтономна данска територија за која претходно рече дека САД треба да ја преземат. Трамп, објавувајќи го назначувањето, рече дека Ландри разбира колку Гренланд е суштински за националната безбедност на САД.

Данскиот министер во кратка изјава испратена по е-пошта од неговото Министерство рече дека „назначувањето го потврдува проширениот американски интерес за Гренланд“.

„Сепак, ние инсистираме дека сите, вклучително и САД, мора да покажат почит кон територијалниот интегритет на Кралството Данска“, додаде данскиот министер.

Трамп претходно изјави дека Гренланд е клучен за американската безбедност и не ја исклучи можноста за воено преземање на островот, иако Данска е американски сојузник во НАТО.

Порано овој месец, данското воено разузнавање напиша во годишен извештај дека САД ја користат својата економска моќ за да „ја наметнат својата волја“ и да се закануваат со воена сила и на пријателите и на непријателите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни