Во оваа епизода на РеТрн разговараме со режисерката Косара Митиќ и Ева Костиќ, главната протагонистка во филмот „17“ – филм инспириран од вистински настан, кој ја истражува тинејџерската ранливост, социјалните притисоци и прашањата за сексуалноста во контекст на денешното општество.
Две млади жени, еден филм и приказна што отвора важни теми.
Во разговорот, Косара и Ева откриваат повеќе за процесот на создавање на филмот:
- Која била најтешката работа за Косара при снимањето?
- Кој бил најголемиот предизвик за Ева додека го градела својот лик?
- Како Ева го изградила карактерот на протагонистката?
- Во кој момент Косара знаела дека токму Ева е вистинскиот избор за улогата?
- И кога публиката во Македонија ќе може да ја очекува премиерата на филмот?
Разговор за филмот „17“, за креативниот процес и за приказната што стои зад него.
Косара Митиќ и Ева Костиќ во новата епизода на РеТрн.