Кос: Родовата еднаквост е составен дел од правото на ЕУ, нападот врз Гонзато е неприфатлив

Предлог-законот за родова еднаквост ја разбранува албанската јавност.

Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, реагираше на изјавите на лидерот на албанската Демократска партија, Сали Бериша, за амбасадорот на Европската Унија во Тирана, Силвио Гонзато, во врска со неговата сексуална ориентација, објави АТА.

Во објава на Платформата Х еврокомесарката Кос наведува дека ваквите напади се неприфатливи.

„Родовата еднаквост и недискриминацијата се составен дел од правото на ЕУ. Почитувањето кон него е дел од процесот на пристапување кон ЕУ. Ова не е приватно барање на амбасадорот на ЕУ во Албанија. Секој напад врз него е неприфатлив“, нагласува Кос во реакцијата.

Денеска на пленарна седница на албанскиот парламент Бериша, изјави дека амбасадорот на Европската Унија во Тирана, Силвио Гонзато, побарал гласање за предлог-законот „За родова еднаквост“.

Бериша додаде дека Гонзато „не може да ги наметне своите лични убедувања и определби на албанското општество“.

Предлог-законот за родова еднаквост ја разбранува албанската јавност. Верските заедници се изјаснија против а претпладне и вечерва протест пред парламентот одржаа претставници од невладиниот сектор, поддржани од опозицијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни