Уапсени повеќе лица поради корупција поврзана со градежни работи во загребска болница

Хрватскиот УСКОК спроведува координирани претреси и уапси поради сомнежи за коруптивни дејствија во психијатриската болница „Свети Иван“ во Јанкомир.

Хрватскиот УСКОК утринава соопшти дека се во тек се апсења и организирања на т.н. „итни доказни дејствија“, меѓу кои и претреси на повеќе локации, поради сомнежи за корупција поврзана со изведување градежни работи во една здравствена установа во Загреб — неофицијално, психијатриската болница „Свети Иван“ во Јанкомир.

Според неофицијални информации што ги пренесува агенцијата Хина, меѓу уапсените се наоѓа поранешниот директор на Клиниката за психијатрија „Свети Иван“, Владимир Грошич, како и неколку одговорни лица од компании кои изведувале градежни работи на болницата.

По налог на УСКОК, апсењата и доказните дејствија ги спроведуваат припадници на Управата за криминалистичка полиција. Тужителството наведува дека акцијата се одвива на подрачјето на Загреб, Велика Горица и Кутина и опфаќа повеќе физички и правни лица за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела поврзани со јавни работи во здравствената установа.

Од УСКОК додаваат дека по испитувањето на осомничените ќе биде донесена одлука за натамошното постапување — дали ќе биде покрената истрага и дали ќе биде побаран истражен притвор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни