Корисните инсекти, како пчелите, се најпогодени од загадениот воздух, кај штетниците нема влијание

Инсектите кои ги запрашуваат растенијата, во кои спаѓаат пчелите, некои видови молци и пеперутките, многу повеќе страдаат од загадувањето на воздухот отколку штетниците, покажа истражување на научниците од Универзитетот во Рединг.

Присуството на загадувачи во атмосферата, како озон, азотен оксид и сулфур диоксид ја намалуваат за дури 40 отсто способноста за потрага по храна кај инсектите запрашувачи (полинатори), додека на растителните вошки и други штетници речиси да не им пречи лошиот квалитет на воздухот.

Студијата укажува дека нечистотата на воздухот е голем проблем за земјоделството и индустријата за храна, вели д-р Џејмс Рајалс.

Анализирајќи  40 врсти инсекти во 19 земји од светот, истражувачите откриле дека најглавните полинатори, како пчелите и осите, кои природно се хранат со штетниците, страдаат од загаденоста, што директно влијае на производството на храна. Научниците утврдиле дека повеќето корисни инсекти меѓусебно комуницираат за да пронајдат цвет или храна, користејќи мириси и хемикалии кои ги испуштаат во воздухот. Но, доколку воздухот е загаден, пчелите или осите тешко може да ги дешифрираат ваквите хемиски пораки.

За разлика од нив, многу инсекти штетници не комуницираат со хемиски пораки и се врзани за помал регион.

Соочени сме со повеќе проблеми во оваа област, бидјеќи страдаат корисните инсекти, се намалува бројот на запрашени површини, а истовремено расте бројот на штетници, објаснува д-р Рајалс.

Тој наведува дека ваквиот наод се забележува низ цел свет каде што со години опаѓа бројот на инскети и тоа најмногу на оние врсти кои се корисни за развој и напредок на земјоделските површини.

Според податоците на германската организација Статеиста, која се занимава со собирање и анализа на податоци, во последните десет години популацијата на инсекти на глобално ниво се намалила за 41 отсто. Во светот е намален бројот на сите врсти пеперутки за 51 отсто, додека бројот на пчелите е намален за 46 отсто.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни