Корисниците пријавуваат дека не може да праќаат и примаат пораки на Инстаграм и Фејсбук

Сериозен технички проблем ги погоди платформите на Мета, Инстаграм и Фејсбук, поради што илјадници корисници од целиот свет пријавуваат проблем со испраќањето и отворање на пораки на платформата.

Според Downdetector, што следи дали платформите се активни и први ги пријавуваат проблемите, дефектот започнал попладнево. Бројките на Downdetector се базирани на пријави од граѓаните, поради што бројот на засегнати корисници може да варира.

Сите пријави за проблеми се однесуваат на испраќањето и читањето на пораките на платформата.

Освен со пораките на Инстаграм, одредени корисници во Европа и Азија пријавуваат проблеми и со испраќањето и примањето пораки  и на Месинџерот на Фејсбук, уште една алатка од компанијата Мета, во чија сопственост е и Инстаграм.

Засега се уште нема официјално известување од Мета за техничкиот проблем.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни