Се засилуваат напорите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, но и на демократските сенатори да спречат забрана на апликацијата TikTok во САД.
Според најавите таа може да стапи на сила уште утре. Во меѓувреме, корисниците на апликацијата протестираат поради можноста за исклучување на TikTok, така што преминуваат на другата кинеска социјална мрежа RedNote.