Копенхаген прогласен за најдобар европски град за велосипедисти

Европскиот град со најразвиена велосипедска инфраструктура е Копенхаген, кој според веб-сајтот Epic Road Rides е прогласен за најпогоден град за возење велосипед на континентот.

Главниот град на Данска редовно се наоѓа на врвот на сите листи за најдобри градови за велосипедисти, а при рангирањето се земени предвид безбедноста, временските услови, бројот на велосипедски настани и квалитетот на инфраструктурата. Градот има долгогодишна велосипедска традиција, потврдена и со одржувањето на Grand Départ Tour de France во 2022 година.

Копенхаген се одликува со одлични велосипедски патеки, низок број на сообраќајни несреќи и кражби, како и со голем број места за изнајмување велосипеди. Околу 50% од жителите користат велосипед за да одат на училиште, на факултет или на работа, што ја прави велосипедската култура длабоко вкоренета во секојдневниот живот. Популарната велосипедска рута Harbour Circle, долга осум милји, овозможува разгледување на туристичкиот Nyhavn, купалишта, куќи на вода, пространи паркови и мирни канали.

На листата на најдобри европски градови за велосипедисти се најде и Амстердам, Холандија. Амстердам, со својот уникатен центар со канали, луксузни мостови и историски згради, е познат како еден од најпогодните градови за возење велосипед. Градот е речиси потполно рамен, што го прави велосипедот лесен и популарен начин на транспорт за жителите, со околу 500 велосипедски патеки.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни