Копенхаген ja симна Виена од тронот – нов најдобар град за живеење во светот

По три години на врвот, австриската престолнина Виена повеќе не е најдобриот град за живеење. Најновото истражување на британскиот „Економист“ покажува дека првото место сега му припаѓа на Копенхаген, главниот град на Данска.

Копенхаген доби максимални 100 поени во категориите стабилност, образование и инфраструктура, што му ја донесе титулата на град со најдобри услови за живот во 2025 година. Виена, која минатата година беше на првото место, сега го дели второто место со Цирих, престолнината на Швајцарија.

На листата понатаму следуваат:

  • Мелбурн (Австралија),
  • Женева (Швајцарија),
  • Сиднеј (Австралија),
  • Осака (Јапонија),
  • Оукленд (Нов Зеланд),
  • Аделаида (Австралија),
  • и Ванкувер (Канада).

Истражувањето на „Економист“ рангира 173 градови според 30 индикатори, меѓу кои се здравствена нега, култура, животна средина и безбедност.

Интересно е што ниеден германски град не се најде во топ 10 оваа година, забележува „Шпигел“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни