Копенхаген го отстранува споменикот на големата сирена – градите биле премногу „големи за јавноста“

Големата сирена во Копенхаген, криткувана како „грозна“ и „порнографска“, ќе биде отстранета од јавниот простор. Дизајнерот го брани споменикот, додека критичарите тврдат дека градите се премногу големи и несоодветни за јавноста.

Големиот споменик на сирена во Данска ќе биде отстранет од јавниот простор откако критичарите го опишаа како „грозен и порнографски“ и како „машка фантазија за тоа како треба да изгледа жената“, пишува The Independent. Статуата висока речиси четири метри, наречена „Големата сирена“, била поставена во Копенхаген во 2006 година, само неколку стотини метри од светски познатата „Мала сирена“.

Таа со години предизвикува контроверзии поради пренагласената фигура и големите гради. Споменикот во 2018 година бил преместен во тврдината Драгор, неколку километри јужно од градот. Данската агенција за палати и култура сега се подготвува целосно да ја отстрани статуата, според локалните медиуми. Агенцијата заклучила дека фигурата на сирената не се вклопува во културното наследство на тврдината која датира од 1910 година.

„Дали голите женски гради треба да имаат одреден академски облик?“
Уметничкиот критичар Матијас Кригер ја нарече статуата „грозна и порнографска“, додека новинарката Сорине Готфредсен во данските весници Berlingske ја опиша како „машка фантазија за тоа како треба да изгледа жената“, додавајќи дека „малку е веројатно дека ќе поттикне прифаќање на сопственото тело кај многу жени“.

Од друга страна, уредничката Амината Кор Тране смета дека прашањата со кои се соочува споменикот се слични на срамот поврзан со телото: „Дали голите женски гради треба да имаат специфичен академски облик и големина за да им биде дозволено да се појават во јавност?“

Дизајнерот на споменикот се надева на компромис
Петер Бек, човекот кој го дизајнирал и наредил споменикот, ги одби критиките и инсистира дека градите се „пропорционални со големината“. „Сирената има сосема нормални пропорции според својата големина. Секако, градите се големи кај голема жена“, рече тој за данската телевизија TV 2 Космопол. Додаде дека споменикот привлекува туристи и ги отфрли критиките како „чиста глупост“, надевајќи се на постигнување компромис.

Бек наводно понудил да ја донира статуата на самата тврдина, на што Хеле Барт, претседателка на општинскиот одбор, одговорила: „Просто тешко се вклопува. Зема многу простор.“ Копенхаген е најпознат по споменикот „Малата сирена“, бронзена статуа од Едвард Ериксен од 1913 година, која ја прикажува сирената во чест на данскиот автор Ханс Кристијан Андерсен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни