Рид Хофман, коосновачот на Линкдин вели дека работното време на кое повеќето луѓето се навикнати, наскоро ќе стане минато, како и дека поголемиот дел од работната сила ќе биде заменета со вештачка интелигенција.
„Работното време од девет до пет нема да постои по 2034 година. Многу работни места ќе ја променат својата природа, бидејќи автоматизацијата целосно ќе преземе одредени позиции и ќе го промени начинот на кој работиме“ објаснува тој.
Според него ќе постои повеќе флексибилност и можности, но ќе недостасува сигурност во работата, нешто што го посакуваат речиси сите работници. Според него, треба уште сега да се работи за да се постигне некаква сигурност.
„Луѓето нема да работат само во една фирма, туку во повеќе, можеби и во различни индустрии. Сите тие промени кои не очекуваат се разликуваат драстично од тоа на кое што сме навикнати изминатите неколку децении“ додава Хофман.
Овие предвидувања предизвикаа различни реакции кај луѓето, а многу се загрижени за стабилноста на работните места и исплашени дека ќе се влоши стандардот на живот.
Извор: Индекс.хр