Партијата Републиканци од Франција денеска соопшти дека нема да учествува во новата влада на премиерот Себастијен Лекорни, јавуваат француските медиуми.
„Политичкиот биро на Републиканците повторно ја потврдува неопходноста Франција да добие буџет. Токму затоа Републиканците ќе бидат одговорни и нема да учествуваат во хаосот“, стои во соопштението пренесено од телевизијата БФМ.
Додаваат дека условите за доверба во владата не се исполнети за Републиканците „во оваа фаза да учествуваат во владата“.
Себастијен Лекорни, кој го назначи францускиот претседател Емануел Макрон минатиот петок за премиер, денеска изјави дека сака „да стави точка на политичката криза која ги вознемири Французите“.
Веднаш откако Елисејската палата ја објави Макроновата одлука за повторно назначување на Лекорни за премиер, Лекорни на својот профил на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер) објави дека „го прифаќа довереното му мислење од чувство на должност“, пренесува БФМ.
Лекорни го посветува викендот на формирање на новата влада и подготовка за обраќање до јавноста, наведува неговиот кабинет.