„КОНТРАСТИ“ НА САКУ пред битолската публика

Три годишната заложба на Атанас Нашоку Саку прикажана преку 23 те фотографии насловени како Контрасти синоќа ја имаше својата промоција во Центарот за култура во Битола, како дел од циклусот изложби поддржана од Министерството за култура оваа година.

Најтешко е да се зборува за нешто, кое само за себе зборува доволно, вака синоќа, во циклусот изложби поддржани од Министерството за култура, се отвори изложбата Контрасти на Атанас Нашоку Саку во фоајето на Центарот за култура во Битола.

Кромид, тиква, тавче загорено со камче во него…сигурно се прашувате што зборувам? Ова наше секојдневно опкружување, е содржано во фотографиите кои синоќа беа изложени, фотографија прикажана поинаку, низ објективот на еден фотоапарат и вештината на овој фотограф.

55 годишната ризница од разни овековечени настани и случувања, портрети на актери, моменти од Илинденски денови, го вбројуваат Саку во култните битолски ликови, кои оставиле траен белег во историјата на нашиот град.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни