Во 2024 година во Грција биле родени 68.467 деца што претставува пад од 4,2 отсто во однос на една година претходно, а воедно е и најниска бројка од 1932 година, според демографските податоци од грчката служба за статистика.
Во објавените податоци за периодот од 1932 до 2024 година, во последните неколку години се забележува континуиран пад на наталитетот, а негативна е разликата меѓу бројот на раѓања и смртни случаи.
Бројот на починати во Грција во минатата година бил 126.916, намален за 0,9 отсто во споредба со лани.
Во изминатите десет години бројот на новороденчиња е под 100.000 годишно, а бројот смртни случаи бил повисок од бројот на родени што не е случај во периодот од 1932 до 2010 година.
Дополнително, во демографските податоци се вклучени и браковите-намалени за 9,2 отсто и разводите – зголемени за 2,8 проценти споредбено со 2023 година.
Поконкретно, на секои 100 склучени бракови се евидентирани 42,4 разводи во 2024 година, наспроти 37,5 во 2023, 33,4 во 2022, 34,2 во 2021 и 41,2 во 2020 година.