Конкурсот за пријавување на ФИЛМАЈ е во тек

Во тек е конкурсот за пријавување за 7-тото издание на ФИЛМАЈ – фестивалoт на кратoк филм, организиран од фото-кино клуб „Козјак” – Куманово.

Преку платформите FilmFreeway и festhome може да се пријават кратки играни филмови со траење до 20 минути и завршени по 1 јануари 2023 година.

Конкурсот е отворен до 15 март 2025 година.

Филмовите може да конкурираат за награда „Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија, награда „Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија, награда „Koзјак” за најдобрo сценарио и награда „ФИЛМАЈ” за најдобар краток филм.

Македонските (домашни) филмови кои ќе се пријават, освен за најдобар македонски филм, истовремено влегуваат и во меѓународна конкуренција за горенаведените награди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни