Конкурс за поетска награда „Млада Струга“

Конкурс за поетска награда „Млада Струга“ е продолжен до 14 јуни. Сите автори што ги исполнуваат критериумите можат да се пријават со необјавени поетски збирки на нивниот мајчин јазик. Доколку нивниот мајчин јазик не е македонски јазик, потребно е да испратат и 7 песни во превод на македонски јазик заедно со останатите материјали наведени во условите на Конкурсот. Авторот не смее да биде помлад од 18 години, односно постар од 30 години заклучно со денот на крајниот рок на конкурсот и мора да биде државјанин на Република Северна Македонија.Наградата „Mлада Струга“ се доделува за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант.

Најново

Последни колумни