Кинотека на Македонија ги поканува сите млад филмаџии, музичари, графичари, ликовни уметнци да учествуваат на конкурсот „После дождот“ во чест на јубилејот, 30 години од македонскиот и светски класик, филмот „Пред дождот“.
,,Сними оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути), во кој ќе користиш барем една реплика од филмот „Пред дождот“. На било кој видео формат. Креирај оригинален плакат за филмот, оригинален ремикс на музиката од филмот или друго уметничко дело инспирирано од филмот” , се вели во најавата за конкурсот.
Селекција од пристигнатите трудови ќе биде презентирана на широката домашна и меѓународна публика.
Наградите ќе бидат објавени наскоро.Рокот е до 1 октомври 2024 година.
Дополнителни информации за филмот може да најдете на вебсајтот на Manchevski.com.
Сработените трудови можат да се пратат на cinemathequeofmacedonia@gmail.com, или на адреса на Кинотека на Република Северна Македонија.