Објавен е конкурс за фотографии кој се организира во рамките на меѓународната научна конференција City Street 6 Conference.
Конкурсот е насловен „Убавината е на улиците“ (La beauté est dans la rue) и е инспириран од познатите париски графити од 1968 година и се обидува да ја нагласи важноста на улиците како динамични простори каде што се случуваат значајни урбани и општествени интеракции.
Конкурсот за фотографии е отворен за сите фотографи-професионалци, аматери и сите заинтересирани за фотографија, вклучително и оние кои случајно снимиле сцени од градските улици.
Најдобрите фотографии ќе бидат наградени и ќе биде претставени на изложба на фотографии која ќе биде отвотрена за време на конференцијата City Street 6.