Конго во пламен и крв – стотици мртви и илјадници ранети

Светските лидери и претставниците на меѓународната заедница повикаа на деескалација на конфликтот.

Демократска Република Конго (ДРК) повторно стана жариште на судири на африканскиот континент. Вооружените борби меѓу бунтовничката група М23 и владините сили кои се распламтија во изминатите неколку дена, доведоа до стотица жртви и повеќе од илјада ранети. По неколку дена интензивни пресметки, членовите на движењето М23 зазедоа голем дел од источниот град Гома, на границата со Руанда, за која Обединетите нации тврдат дека директно ги поддржува бунтовниците. Во вторникот тие ја презедоа и контролата над аеродромот. Светските лидери и претставниците на меѓународната заедница повикаа на деескалација на конфликтот.

Владата на ДРК, спротивно на тоа, тврди дека сè уште има надлежности во Гома, бидејќи борбите во тој град продолжуваат. Претставниците на Обединетите нации објавија дека болниците во ДРК се преплавени со повредени, од кои повеќето имаат повреди од огнено оружје, додека на улиците можат да се видат телата на загинатите. Илјадници жители на Гома ги напуштиле своите домови поради конфликтот од почетокот на оваа недела. Складиштата со храна и медицински материјали биле ограбени, известија хуманитарните агенции.

Бертан Бисимва, лидерот на политичкото крило на М23, изјави дека борците на таа група се во процес на преземање на последните делови од Гома под нивна контрола и додаде дека нивната војска напорно работи на обезбедување на безбедност и мир во ослободените зони.

Конфликтот трае од 2012 година, а движењето М23 го доби името по мировниот договор од март 2009 година, со кој беше завршен претходниот трогодишен конфликт. М23 го подигна оружјето затоа што тврдат дека владата не го исполнила договорот. Бунтовниците тврдат дека се борат против политичката маргинализација и недостатокот на етничка застапеност на малцинството Тутси во регионот.

Владата на Конго побара нов состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, барајќи да се преземат остри мерки против Руанда, која се обвинува дека ги поддржува силите на М23. Руанда ги отфрла овие обвиненија.

Меѓународната заедница, вклучувајќи ја Африканската унија, повика на прекин на борбите и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на ДРК. Руандскиот амбасадор за регион, Винсент Карега, изјави дека М23 ќе продолжи да зазема територии, вклучувајќи го јужниот Киву, бидејќи владината концентрација на сили и воени капацитети главно се наоѓа во Гома.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни