Од 25 до 29 август по повод Светската недела на водата, во Стокхолм ќе се одржи водечката конференција за глобалните проблеми со водата.
Оваа година мотото и фокусот на конференцијата е ,,Премостување граници: Вода за мирна и одржлива иднина”.
ЕУ е посветена на агендата #WaterAction што треба да постигне безбедност на вода за сите глобална, отпорност на недостиг на вода и гарантирано човеково право на безбедна вода за пиење и санитација, како и заштитени и обновени водни екосистеми и фер баланс помеѓу понудата и побарувачката на вода.